Најжешкиот тим во лигата, продолжува да “гори” се пред себе.
Феникс Санс стигна до својата 13-та победа по ред. Синоќа го совладаа Сан Антонио Спарс, на гости во “Еј Ти ен Ти” центарот (115-111). Новиот триумф претставува трета најдолга серија во тимската историја. За прв пат по сезоната 2006/2007, “сонцата” имаат вакво импресивно достигнување. Во 2007 година, (кога важеа за еден од најголемите фаворити за тронот) “санси” имаа 17 победи по ред, што досега е тимски рекорд.Лидер во составот, повторно беше првата ѕвезда на тимот, Девин Букер. “Ди-Бук” постигна 23 поени, а поранешниот прв избор на драфтот, Диандре Ејтон, постигна 21 поен. Она кое беше најдискутабилно на стартот на првенството, клупата на тимот, повторно даде полн придонес. Бекот Камерон Пејн постигна 20 поени, а центарот Џавејл МекГи реализира 14 поени (за само 15 минути на теренот).
Тимот од Аризона се наоѓа на второто место во Западната конференција, со скор 14-3. Пред нив на табелата се наоѓа првопласираниот тим (во целата лига), поранешниот шампион, Голден Стејт Вориорс со 15 победи и 2 пораза.
NBA FAN
Димитар Младеновски