Буфон ја завршува приказната со Јувентус: Дојдовме до крајот на циклусот!

90

Италијанската фудбалска легенда, Џанлуиџи Буфон ја завршува приказната со Јувентус по крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Популарниот Џиџи веќе две децении е дел од Јувентус (исклучок е кампањата 2018/2019 ПСЖ), период во кој има доживеа многу убави моменти, освои многу титули, остана и во најлошото кога клубот играше и во втората лига што е доказ за таа цврста врска на двете страни.

Меѓутоа се си има почеток и крај, па така е и со оваа приказна со тоа што се уште не се знае дали Буфон ќе продолжи активно да брани во друг тим или ќе замине во пензија.

-Мојата иднина е јасна и дефинирана. Ова прекрасно и многу долго искуство со Јуве ќе дојде до дефинитивен крај оваа година. Или ќе престанам да играм или ако најдам ситуација што ме мотивира да играм или да имам поинакво животно искуство, тоа ќе го земам во предвид.

-Чувствувам дека дадов сè за Јуве. Јас добив сè и повеќе од ова не може да се направи. Стигнавме до крајот на еден циклус и треба да се тргнете на страна, -порачал Буфон за „Беин Спортс“.