Лос Анџелес Лејкерс се судри со Детроит пистонс (во буквлна смисла) синоќа, како во времето кога двата тима беа големи ривали за титулата.
Тимот од “Ел-Еј” ја прекина лошата серија. Извојува тешка и заслужена победа од 121-116. Мечот ќе остане запаметен по инцидентот кој се случи во второто полувреме.
Домаќините водеа и со 15 поени предност, кога во третата четвртина (по еден дуел во рекетот) Леброн Џејмс го “закачи” Ајзеа Стјуарт со лакт во пределот на десната аркада. Младото крило на “пистонс” веднаш избувна, и беше потребно долго време за да се смири тензијата на теренот.


Стјуарт веднаш беше исклучен од мечот, а истото важеше и за Џејмс. За “кралот” ова е само второ исклучување во богатата кариера. По инцидентот, “лејкерси” направија серија и го вратија резултатот во своја полза. Ентони Дејвис беше лидер со 30 постигнати поени, следен од Расел Вестбрук со 26.
NBA FAN
Димитар Младеновски

















![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















