Ланскиот вицешампион, Феникс Санс, влегува во пеколен ритам. Сезонава тимот од “долината на сонцето” покажува дека минатогодишниот успех нималку не е случаен.

Рано сабајлево, Феникс гостуваше во Минесота. Младиот тим од Минеаполис сезонава е далеку по незгоден противник, посебно бранејќи го својот терен. Во меч кој беше неизвесен до последните секунди, “сонцата” ја заслужија тесната победа од 99-96. Девин Букер беше поентерски лидер со 29 поени. Одлична игра пружи нивниот искусен “генерал”, Крис Пол, постигнувајќи 21 поен и 8 асистенции. Добра вест за Феникс е враќањето на стартниот центар. По пауза од 5 меча, Диандре Ејтон реализира дабл-дабл учинок со 22 поени и 12 скокови.

Минесота ја одржуваше неизвеснота до самиот крај. Во последната четвртина, во четири наврати водеа со пет поени предност. “Волците” беа предводени од својот All-Star центар, Карл Ентони Таунс кој постигна 35 поени, а беше следен од својот голем пријател, Дианџело Расел со 22 поени. И покрај сјајното издание на двоецот, за жал, на крајот тоа не беше доволно за зачувување на “Таргет” центарот.
Ова претставува 9-ти последователен триумф на “сонцата”. Моментално се наоѓаат на втората позиција во Западната конференција, со скор 10-3. Со право се смета дека Феникс (повторно) е најжешкиот тим во лигата.
NBA FAN
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















