Ноќна мора на секоја жена: Погледнете што висело од тоалетата на Меган Маркл

915

Во склоп на кралската турнеја, Меган Маркл и принцот Хари, го посетиле островот Тонг, каде се сретнале со тамошното кралско семејство.

Меган излегла од авион во елегантно црвена тоалета, но острите очи на јавноста веднаш забележале еден детаљ – заборавила да ја отстрани етикетата која висела од тоалетата, додека се движела со Хари.

Етикетата открила дека станува збор за тоалета од брендот „Self Portrait“. Сепак, ниту таа мала модна грешка не успеала да ја засени елеганцијата на Меган, а британските медиуми забележале дека војвотката од Сасекс изгледа многу одморено, и покрај тоа што секојдневно извршува бројни обврски, предвидени во распоредот на турнејата, но и покррај изјавата на Хари од пред некој ден, дека „бременоста си има своја цена“.