Бокс корнер со Димитар Младеновски-“Бомбардерот” од Алабама (ВИДЕО)

2149

Дионтеј Вајлдер, според многумина е боксерот со најсилен удар на сите времиња.
За боксерските експерти, тој епитет е дискутабилен. Но, секако дека разорната десна рака на “бронзениот бомбардер” е најсилна според неговите противници во рингот.

За повеќето, е вистински јуначки потег да се одлучите да бидете во исти ринг со 201 сантиметар високиот поранешен кошаркар од Алабама. Еден од најголемите воини кој се појавиле во рингот, и секако еден од најексплозивните боксери на денешницата.
Вајлдер е еден од ретките боксери, кој 10 пати успеале да ја одбранат титулата во тешка категорија. Во оваа елитна група има место само за вистински легенди. Ова друштво го сочинуваат: браќата Кличко, “челичниот” Мајк Тајсон, Мухамед Али, Ленокс Луис, Џо Фрејзер и Лери Хоумс.

Неговиот досегашен професионален пат е многу успешен. Вo 46 борби има 43 победи (со процент на успешност од 90% во победите со нокаут). Во кариерата дожевеа само едно реми и два пораза против двократниот светски шампион, Тајсон Фјури.

Ни помалку, ни повеќе, големиот Мајк Тајсон изјави дека до сега нема видено толку деструктивен деснак како “бомбардерот” од Алабама!

Во последната година, неговите фанови со нетрпение очекуваа најавување на нов меч. Настана и неочекувани проблеми.
Најпрво, неговиот тим сериозно се судри со тимот на Тајсон Фјури околу организирањето на евентуалниот трети меч помеѓу двата џина. Откако овој “мега дуел” пропадна, надежниот тешкаш Даниел Дубуоа одби дуел со Вајлдер.

Последната борба на “бомбардерот” беше најавуван како започнување на неговиот нов поход кон врвот. Во еден од највозбудливите судири до сега, Вајлдер го напушти рингот со спуштена глава. Тајсон Фјури (по втор пат) го порази Деонтај Вајлдер.

Последниот судир се случи на 15-ти Октомври 2022 година. На долгоочекуваното враќање во рингот, Вајлдер брутално го нокаутира Роберт Хелениус во првата рунда. На последната борба, “бомбардерот” го потсети Светот на својата експлозивност која го донесе до самиот врв.

Како и да е, не смее да се заборави фуриозниот подем на американскиот боксер. Во прилог следува видео во кое на дело е моќта на Вајлдер, посебно во оние борби каде не се чувствува доволно почитуван од страна на противникот.
Уживајте…

Димитар Младеновски