5 филмови поради кои со нетрпение го чекаме декември

1145

Изгледа дека најдоброто сепак доаѓа на крајот. Така е и кога станува збор за филмовите, бидејќи надобрите филмски остварувања за оваа година својата премиера ја имаат токму во декември. Очигледно е дека сето тоа е поврзано со Оскарите и другите награди за филмските остварувања, но еве уште една причина за да одите на кино и да уживате во најновите филмски наслови.

Аквамен (Aquaman)

Доволно е да се напомене дека Џејсон Момоа е носител на една од главните улоги и дека вашиот интерес ќе го привлече уште на почетокот на филмот. Приказната раскажува за младиот Артур кој дознава дека е наследник на подводното кралство на Атлантида, во кое тој мора да се врати и да го спаси својот народ. Покрај Џејсон, една од носителите на улогите е и Никол Кидман како и други звучни имиња од Холивуд, кои го прават овој филм вреден за да се погледне.

Колет (Colette)

По убедување на својот сопруг, Колет започнува да пишува романи кои се издаваат со нејзиното име. Откако ќе го заврши полу-автобиографскиот роман за една бесрамна девојка од село, делото станува бестеселер. Младата Колет се труди да се избори и со својата книга да направи револуција во книжевноста. Кира Најтли и Доминик Вест во главната улога, ветуваат неверојатна приказна која со нетрпение ја очекуваме.

Сега или никогаш (Second Act)

„Сега или никогаш“ е прогласен како продолжение на популарниот филм „Собарката од Менхетен“ каде Џенифер Лопез ја игра главната улога. Од оваа комедија ќе дознаете како со помош на една лага можете да добиете работно место и какви особини се потребни за да се снајдете во суровиот свет.

Оревокршачка и четирите кралства (The Nutcracker and the Four Realms)

Доколку и вам овој цртан филм ви бил еден од одмилените и сте ја сакале музиката која ја компонирал Чајковски, веруваме дека со нетрпение очекувате да ја погледнете оваа, малку поразлична верзија на популарната бајка. Одличната актерска екипа, прекрасната костимографија и бајковитата приказна ветуваат одлично филмско остварување во кое ќе можеме да уживаме кон крајот на 2018.

Враќањето на Мери Попинс (Mary Poppins Returns)

Емили Блант ја игра улогата на совршената дадилка со единствени волшебни вештини, која дури и најдосадните моменти може да ги претвори во незаборавна авантура. Мери Попинс се враќа за да и помогне на новата генерација на семејството Бенкс. Овој симпатичен мјузикл е најавен како еден од најдобрите остварувања за 2018 и од таа причина се наоѓа на оваа листа на филмови кои мора да се погледнат до крајот на годината.