Меган Фокс го изневерувала Брајан Остин Грин – Овој познат рапер е причина за нивниот развод

75

Откако и официјално е потврдено дека Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разведоа по 10 години брак, почнаа да се шират гласини дека причина за тоа е трето лице.„Мирор“ пишува дека глумицата сè повеќе се дружи со 30-годишниот рапер Машин Ган Кели.

Брајан тврди дека не е вистина дека Меган е во врска со раперот и дека тие се само пријатели, но извор за странските медиуми изјавил дека Кели и Фокс се многу повеќе од пријатели.

„Почнаа сè повеќе да се дружат поради своите распореди и заедничките снимања. Прво беа пријатели, а потоа нивниот однос се разви во љубов. Меган мисли дека Машин Ган Kели е супертип и меѓу нив се разви романтичен однос“, додаде изворот.

Машин Ган Кели го објави новиот спот за песната „Bloody Valentine“, а во него се појавува Меган Фокс.