Заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Петровец, информираат од РЦУК по добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД Скопје.
Во периодот од 9:00 до 10:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улиците „Депа Кајова“ во општина Ѓорче Петров и улицата „Благоја Давков„ од бр.10 до бр.16 во општина Центар.
Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Њуделхиска“ и „Дрезденска“ во општина Карпош.
Во периодот од 10:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Манчу Матак“ поточно околу бр.13 во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 8:30 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ке имаат објектите: наплатна рампа Петровец, „Македонија Пат“- Петровец, МВР Петровец, село Чојлија (делот кон еродромот), „Јавно претпријатие за државни патишта“ (Петровец) во општина Петровец.
Во периодот од 9:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Нерешка“ во општина Карпош.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















