Започнува љубилејната 75-та NBA сезона

806

Актуелниот шампион, Милвоки Бакс, ќе ја започне одбраната на тронот на домашен терен. Во “Фисерв форум”, гостува еден од најсилните тимови во NBA, Бруклин Нетс. Лидерот на “елените”, Јанис Антетокумпо, со своите тимски другари ќе ги прими шампионските прстени. Иако постои голема неизвесност околу статусот на Кајри Ирвинг (и неговото присуство на натпреварите во текот на сезонава), “нетси” поседуваат сериозно пополнет состав кој има сила да стигне до самиот крај.

Лејкерси новото првенство го започнуваат на домашен терен против Голден Стејт Вориорс. Во “Стејплс центар” ќе се судрат два поранешни шампиони. Четата на Леброн Џејмс претрпи сериозни промени. Во тимот пристигнаа прекалени ветерани (Кармело Ентони, Двајт Хауард, Расел Вестбрук, Рејжон Рондо, Диандре Џордан….) подготвени своето непроценливо искуство да го преточат во успех.

Не очекува повеќе од возбудлива сезона.

NBA FAN

Димитар Младеновски