Во Јапонија мажот и жената не спијат во ист кревет: Имаат три причини за тоа!

114

Без оглед колку е мал нивниот дом, како и другите различни навики, сопружниците во Јапонија најчесто одбираат да спијат барем во одделни кревети, ако не и соби.

Сепак, тоа не мора да значи дека тие имаат проблем во бракот, туку нешто за што веруваат дека им прави добро за нивната комуникација, хармонија во домот и почит за индивидуалните преференци. Ова се трите најчести причини зошто сопружниците во Јапонија одбираат да спијат одвоено:

1. Различно време на будење и легнување

Ова е првата работа што ги тера Јапонците на одвоени кревети, а дури и соби. Да го будите партнерот само затоа што мора да се разбудите рано или да се вратите доцна, за нив едноставно е неприфатливо. Јапонците знаат колку добриот сон е важен за физичкото и менталното здравје и прават сè за да го зачуваат.

2. Бебињата спијат со своите мајки

Мајките во Јапонија спијат со своите деца и тоа се смета за многу важна навика, бидејќи се верува дека на тој начин се спречува ризикот од ненадејна смрт кај новороденчињата и му помага на детето да има стабилен срцев ритам. Таткото треба сам да одлучи дали ќе спие со нив или ќе се пресели во друга просторија, но не смее негативно да влијае на сонот на мајката и на бебето.

3. За Јапонците, одвоеното спиење значи мир

И додека остатокот од светот спиењето во различни простории претежно го гледа како најава за развод, Јапонците размислуваат сосема поинаку. Тие едноставно многу го ценат квалитетниот сон, што нема да дозволат ништо да ги вознемирува додека спијат. Јапонците не сакаат да бидат разбудени од хрчењето на партнерот, вртењето, удирањето во сон… И другиот партнер апсолутно го разбира тоа.

Џуџу Кирахира, девојка од Јапонија го објаснува овој феномен:

„Кога бев мала, моите родители имаа одвоени соби. Собата на мајка ми се наоѓаше на крајот од домот и таа имаше брачен кревет, додека собата на татко ми беше веднаш до мојата. Тој немаше кревет туку котацу (kotatsu 炬燵 – традиционален јапонски мебел, дрвена платформа со душек и маса) каде гледавме филмови. Навечер стануваше место за спиење. 10 години тој спиеше така, во котацу.

котацу (kotatsu 炬燵 – традиционален јапонски мебел, дрвена платформа со душек и маса)

Мислев дека моите родители не се сакаат, но сфатив дека имаат различен стил на живот. Мајка ми работеше вечерна смена, па татко ми се будеше во 3 по полноќ за да ја пречека мајка ми од работа, односно возеше до станицата каде пристигнуваше мајка ми, околу 30 минути од нашиот дом. Потоа, повторно легнуваше, но се будеше во 6 и 30 наутро, ме будеше и мене, ми правеше доручек.“, пишува Џуџу Кирахира откако забележала дека темата се дискутира на интернет.

Исто така, паровите со мали деца, тие најчесто спијат одвоено. Многу зачестена појава е децата до три години да спијат со своите мајки. Пред да се преселиме во куќа далеку од централниот дел од градот, живеевме во стан со една спална и сите спиевме заедно. Немав сопствена соба се додека не почнав да одам на училиште, но затоа оние кои имаат поголеми станови и куќи, најчесто спијат заедно со својата мајка за да може таткото да се одмори.

Мислам дека овој тренд не е нов, односно сметам дека е врежан во духот на Јапонија. Во минатото, односно во Хејонска Јапонија (794-1192) било создадено татами (традиционални јапонски килими направени од сламa од ориз), па дури оттогаш јапонците спиеле на татами со футон (futon, јапонски:布団 – традиционална јапонска постелинина за спиење), а со футон спие само еден човек.

Ова било така се до револуцијата Меиџи (明治維新/ Meiji Ishin) во 1868 година, кога Јапонија ги прифатила западните политички, правосудни и воени институции и западното културно влијание, па населението се запознало со креветот. Дури по Втората светска војна населението на Јапонија почнало да практикува кревет наместо татами и футон во домовите. Футонот е најчесто во мерки за еден човек, немам видено за двајца се до неодамна. Значи дури и сопружници поседуваат одвоени футони. Врз основа на интимноста, просторот меѓу футоните може да биде помал или поголем. Можеш да се вметнеш во футонот на партнерот, но половина од телото ќе ти биде надвор и ќе ти стане ладно- значи не е комфортен за двајца. Така, иако паровите спијат во иста соба, тие всушност спијат на различни кревети.

И да, според многу истражувања, да се спие во одвоен кревет, односно сам, овозможува многу подобар сон. Партнерот можеби мрда премногу додека спие, хрчи или секогаш се обвиткува во прекривката и вам ви е ладно во текот на ноќта. Во овие случаи, вие не спиете добро и наредниот ден сте уморни или не функционирате со целата ваша енергија. Доколку имате одвоени кревети, ниту двајцата не треба да се навикнувате на некој нов распоред бидејќи вашиот партнер е утринска личност или пак „ноќна птица“. Доколку имате одвоени кревети, не ја вознемирувате другата личност доколку сакате да станете или да легнете во кревет. Пишувајќи го ова сфаќам колку им олеснило на моите родители што спиеле во одвоени кревети, со оглед на тоа колку тогаш беа различни нивните распореди.

Сепак, спиењето во одвоени соби може да значи и дека се работи за Kateinai Bekkyo (家庭内別居) или „Развод во куќата“.

„Еднаш една познаничка ми откри дека нејзините родители планирале да се разделат но живееле заедно додека нејзиниот 15 годишен брат не го заврши средното образование. Веднаш разбрав што сака да каже, бидејќи децата на разведени родители се најчесто исмевани во училиштата во Јапонија. Кога одев во училиште навистина беше табу да се зборува со соучениците зошто имаат само еден родител. Родителите го намалуваа гласот кога зборуваа со дете со самохрана мајка, затоа, како деца, не учеа да не прашуваме и зборуваме за овие работи.

Така, некои парови, иако не се разделени, мора да живеат заедно. Во ваквите случаи, тие имаат посебни соби и спиајт одвоени. А ова е и многу чест случај меѓу постарите парови. Генерацијата на мојот татко е онаа генерација која ја направи Јапонија каква што е сега. Тие биле потикнати да работаат премногу напорно, мотото им било „Работи, работи, работи!“.

Така, тие биле во брак, но најчесто мажите биле отсутни од дома, што придонесува за заладување на комуникацијата, па така трендот на сосема одвоени простории за спиење станал се позачестен и поприфатлив и за паровите кои планирале да стават крај на бракот“, објаснува Џуџу.

„Моите родители спијат во различни соби, ги гледаат истите ТВ програми и се смеат на истите работи во истиот момент“, додава Џоџи истакнувајќи „но тоа не значи дека не се среќни“.