Дијалог Германија – Италија за мигрантската криза

270

Министрите за надворешни работи на Германија и Италија, Хајко Мас и Енцо Миланези се сретнаа денеска во Берлин, по што најавија дека ќе работат заедно за изнаоѓање на европски решенија за проблемот со мигрантите.

Миланези рече дека мигрантските прашања биле во фокусот на средбата, а пред се идејата за продолжување на операцијата „Софија“, воената мисија на Европската унија чија цел е да ги разбива групите за шверц на мигранти во Средоземно Море, како и да спасува мигранти во неволја.

– Очекуваме дека сите држави во ЕУ ќе ги испочитуваат преземените обврски. Спасувањето на отворено море е една од тие обврски, изјави Мас, чија Социјалдемократска партија на Германија (СПД) има поблаг став кон концептот на отворени граници.

Миланези, пак, ја претставува новата Влада на Италија која ги затвори своите пристаништа за мигрантските бродови.

По средбата со Мас, Миланези изјави дека проблемот со миграцијата е од историско значење.

Италија е веќе во отворен конфликт со Франција околу мигрантското прашање, а се влошија нејзините односи и со Шпанија, која прими дел од мигрантите што Италија ги одби.

Миланези воедно изјави дека санкциите против Русија не се средство за казнување на оваа земја, туку имаат за цел да се почитува меѓународното право.

Тој ги отфрли прашањата дали италијанската Влада го сменила ставот дека е против санкциите врз Русија и рече дека земјата и натаму е против нивното натамошно продолжување.