Корона вирусот зема замав, Германија и Бугарија бележат црни рекорди.
Во Германија во последните 24 часа регистрирани се нови 5132 случаи на заразени со корона вирус, соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох.
Според „Ројтерс“според последниот пресек, во Германија од последиците предизвикани поради корона вирусот починале 40 лица. Вкупниот број на заразени во германија од почетокот на пандемијата е 33 585 .
Во Бугарија е забележан рекорден пораст на новозаболени во еден ден, во изминатите 24 часа новозаразени се 785 лица, скоро 200 повеќе од претходниот ден, а биле направени 5819 теста. Според податоците на бугарското министерство за здравје во земјата од почетокот на пандемијата се регистрирани 25774 заразени со ковид -19. Најголем број од заразените се од Софија, во последното деноноќие во Бугарија починале 8 лица со што бројката на починати од последици предизвикани од корона се искачи на 923. Во болниците во Бугарија во моментов се хоспитализирани 1307 пациенти, 64 од нив се на интензивна нега.
Во Бугарија е потврдено дека со коронавирусот биле заразени 1415 медицински лица.