Турскиот шампион не губи време околу сериозно засилување на ростерот за следната натпреварувачка сезона.
Еден од најдобрите бекови во Европа, Скоти Вилбекин пристигнува во Истанбул. 29-годишниот Американец лани беше најдобриот играч на Макаби Тел-Авив и еден од најзаслужните за освојувањето на израелскиот шампионат. Тој поседува турски пасош и ќе настапува како домашен играч. Потпишува три годишен договор а се шпекулира дека за тој период ќе заработи близу 8 милиони евра со што би станал најплатениот бек-шутер во Еворпа.
Со тоа се отвори можност за повеќе странски засилувања а тимот веќе претстави уште две.
Станува збор за Американскиот центар Џонатан Мотли кој по одличната сезона во Локомотив Кубан ја воодушеви управата на “жолто-сините”. Уште еден играч од руското првенство се сели во Турција. Нигерискиот центар Тони Џекири доаѓа од УНИКС Казан и се приклучува на тимот преку едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за натпреварувачката 2023/2024.
Новиот тренер на тимот, Димитрис Итудис по официјализацијата на овие три засилувања изјави дека ова е само почеток на трансформацијата на клубот. Според информациите кој пристигнуваат од турската престолнина, “Фенер” има намера да донесе уште минимум три засилувања со што би бил еден од фаворитите за освојување на европскиот трон.
Димитар Младеновски