Само четири земји во Европа бележат бројки на заразени и починати од коронавирусот за кои експертите сметаат дека се под загрижувачкото ниво.
Европскиот центар за контрола и превенција на болести “ECDC” смета дека е „граница“ седумдневен просек од 20 случаи на 100 илјади жители.
Експертите на “ECDC” велат дека се што е повеќе од тоа претставува голем „корона-ризик“, можноста од ширење на заразата е висока, а тоа меѓу другото и значи дека критичните категории на луѓе се загрозени.
Со така поставени параметри, само Германија со 18,4 заразени на 100 илјади жители, Финска со 15,5, Кипар со 14,6 и Норвешка со 13,9 не се наоѓаат на листата со „критични“ земји.

Како што наведоа од “ECDC”, моментално најкритична е ситуацијата во Чешка со 167,6 заразени на 100 илјади жители, Холандија со 140,3 и Франција со 120,3.
Од Центарот предупредуваат дека во многу земји е забележан пораст на бројот на починати. Од таму соопштија дека многу земји веќе донеле одлуки за заострување на мерките со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Париз е на чекор од целосен карантин, Чешка воведе вонредна состојба, а одредени делови на Берлин веќе се означени како исклучително ризични. Истовремено, Велика Британија има проблем со статистиката, а тамошните власти признаа дека илјадници случаи не се регистрирани поради технички проблеми.
Неодамна големи ограничувања беа воведени и во Мадрид, Ирска предложи воведување на ригорозни мерки, а исландските власти донесоа одлука за затворање на клубовите, баровите, казината и теретаните, како и групирање на повеќе од 20 луѓе.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












