Компанијата “Billie” и минатата година беше во центарот на вниманието кога покрена слична кампања со наслов “Project Body Hair” – во која прва рекламираше брич, прикажувајќи неизбричени модели.
Со новата кампања наречена “Red, White I You Do You”, тие отишле чекор понатаму со моделите кои позираат со неизбричени пазуви и “неуредна” бикини зона.

“Го славиме тоа што жените имаат влакна по телото, а се надеваме дека тој факт наскоро ќе престане да биде срамотен”, изјавила соосновачката на “Billie”, Џорџина Гули и објаснила дека со ваквата кампања, компанијата одлучила да го покаже својот став за бричењето кој би требало да биде избор на жената, а не нешто што се очекува од неа.

Таа додала и дека “многу жени чувствуваат притисок дека мора да ги отстранат влакната од телото пред да се соблечат во костим за капење” и вели дека “дојде време за уживање во морето и сонцето, со влакна или без нив”.

Минатогодишната реклама на компанијата “Billie” инспирирала и други слични компании како што се “Gillette Venus” и “Joy” да направат кампањи со истите пораки.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















