НБА колумна на Димитар Младеновски: Титулата е многу поблиску на дофат за LAKERS одколку што мислевте

929

Вест број 1 пред сезоната беше доаѓањето на LeBron James во “градот на ангелите”. Како и секој потег на “кралот” до сега, очекувањата за успех на тимот драстично пораснаа но не ретко се коментира остатокот од тимот и дали има доволно квалитет да се бори со големите “ѕверки”. Мој личен став е дека со овој состав плафон за Lakers би бил финалето на Западна Конференција, но затоа наведувам неколку причини зошто веќе следната година L.A. може да биде фаворит за титулата!

Lakers-и во моментов се на средина на табелата во Западната конференција што за релативно нов состав со само неколку играчи кој останаа од ланската сезона и повредите на играчите не е воопшто лош резултат. Стартуваа млако но имаа одлична игра во периодот кој следуваше. Адаптацијата на нови играчи бо тим секогаш претставува голем предизвик. Добар знак за овој тим е тоа што во нивни состав го имаат еден од најнесебичните суперѕвезди што некогаш играле кошарка и еден куп млади,надежни,талентирани и дисциплинирани играчи.

СПОЈ НА МЛАДОСТ И ИСКУСТВО

Најблаго кажано е интересен ростерот на тимот. Пополнети се на повеќе позиции со ултра талентирани играчи со голем потенцијал за напредок. Lonzo Ball, Brandon Ingram и (пред се) Kyle Kuzma се играчи кој би ги посакал секој тим во NBA.

Кога сме кај Kyle Kuzma кој е страшно потценет играч и воедно All-Star потенцијал, цело лето го посвети на подобрување на секој аспект на својата игра под менторство на Kobe Bryant (интересен податок кој треба да се има во предвид).

Од друга страна доведени се ветерани кој и тоа како значат. Javale McGee, Tyson Chandler, Rajon Rondo – непроценливо искуство, жар, секогаш мотивирани и спремни за борба и носители на шампионски прстен.

На овој нуклеус кога ке се додадат непредвидливите (на моменти ексцентрични) Lance Stephenson и Michael Beasley, заедно со турбо бекот Josh Hart нападот на тимот и брзината на играта не претставуваат никаков проблем. Kentavious Caldwell-Pope е одлиен одбранбен играч и може пријатно да изненади.  Одбраната е знак прашалник но со текот на сезоната може да се подобри. Со одредени промени во иднина овој тим би му одговарал на LeBron James да го води во победнички поход. За разлика од предходно овој тим нема класиен “поентер” – шутер но и тоа може да им биде достапно во блиска иднина.

ДОАЃА ГОЛЕМА ЅВЕЗДА ВО L.A.

Уште во месец Август 2018 год. кога една од најголемите ѕвезди во лигата Anthony Davis го смени својот агент, односно се приклучи на тимот агенти кој се грижи за LeBron James како лавина почнаа да се шират информации дека ова е само почеток на нешто многу големо што треба да се случи во брзо време. Веќе подолг период се шпекулира дека со самото доаѓање на LeBron во L.A. тоа ке повлече уште најмалку 2 други супер ѕвезди да дојдат во негово јато. Меѓу нив се вбројуваат и атомски силниот бековски тандем на Washington Wizards – двоецот Bradley Beall и John Wall. Секогаш се кревала голема прашина оклолу влијанието на LeBron James врз креирањето на тимот во кој настапувал а искрено до сега ако влијаел и не погрешил многу. За разлика од други тимови Lakers-и имаат доволно играчи кој може да ги понудат за размена со цел да добијат супер ѕвезда. За жал летово го изгубија Julius Randle но затоа под договор се Lonzo Ball и Brandon Ingram а тие двајца се трејд опција која ретко кој тим би можел да одолее. Доколку се реши управата да ги жртвува при евентуална трампа за возврат ке добие играч (или играчи) кој тимот ке го направи instant фаворит, секако под услов да се донесе уште барем еден солиден backup поентер.

КРАЛОТ Е СЕУШТЕ ИГРАЧ БРОЈ 1 ВО ЛИГАТА

Во својата 16-та сезона LeBron James во својот нов тим ја игра најкомплетната кошарка во кариерата. Ланската сезона беше доказ за тоа. Никогаш не сум бил љубител за неговите споредби со други NBA легенди и лично мислам дека е неблагодарно да се зборува за такво нешто. Играта со текот на годините драстично се смени исто како и критериумот на судиите во неа. Но кога во 2007 година LeBron James успеа тогашниот состав на неговиот Cleveland Cavaliers да го протне до финале не гледам причина зошто со малку посилен состав од сегашниот не би успеал да го постигне тоа повторно. За крај, има играчи кој нивото на игра драстино им се подобрува кога играат покрај лидер и неуморен борец а LeBron е несомнено е дефиниција за такво нешто.

NBA FAN

Димитар Младеновски