“Тато зумираше”: Млад брачен пар им испратил заедничка фотографија на родителите, но заборавиле на еден детаљ

376

Млад брачен пар останал засрамен откако нивната фотографија, со еден непримерен детаљ кој не е за во јавност, завршила во погрешни раце.

22-годишната Келси споделила фотографија на социјалните мрежи од спалната соба, на која позира со своето момче. Тоа не би било невообичаено доколку острото око на нејзиниот татко не забележал еден детаљ. Имено, тој забележал едно шишенце поради кое партнерот на Келси се почувствувал посрамотен.

“Тато вели дека фотографиите се прекрасни, убаво Дурекс шишенце”, напишала мајката во пораката која ѝ ја испратила на ќерката.

“Тоа е кремата на Елиот за колена”, ѝ вратила Келси, но изгледа не успеала да ги убеди своите родители.

“Тато зумираше”, спремно одговорила нејзината мајка, на што оваа девојка само напишала дека Ел е засрамен.

Нејзината објава молскавично станала хит на Твитер, а не ја заобиколиле ниту хумористичните детали.

“Требало да знае дека татковците се како ФБИ кога станува збор за ќерките”, напишал еден корисник на оваа социјална мрежа.

loading...