(Видео) Грчките сили се на удар: Турската полиција ги напаѓа со солзавец, а мигрантите илегално ја преминуваат границата!

762

Судирите во близина на пограничното грчко село Кастањес, на границата со Турција не мируваат, а грчката полиција беше приморана да употреби солзавец против бесната толпа на мигранти кои се обидуваат да упаднат илегално на територијата на Грција.

Како што тврдат грчките власти, турската полиција намерно во правец на Грција испукува солзавец. На видео снимката подолу може да се види како турските полицајци се наоѓаат во близина на оградата и испукуваат солзавец. За тоа време, мигрантите илегално упаѓаат на територијата на нашиот јужен сосед.

Потоа грчката полиција се обиде да одговори на „ударите“ и да го изгаси пожарот кој настана.

Во меѓувреме, иако Грците ја затворија границата и натаму постои огромен број на мигранти кои на секој начин и натаму се обидуваат да ја преминат границата. Тие пристигнуваат на грчките острови и ја преминуваат реката Марица како што знаат и умеат.

Покрај тоа, тие ја напаѓаат грчката полиција со камења и разни други предмети, додека грчките безбедносни сили одговараат со солзавец.

Како што пренесуваат грчките медиуми, од вторникот од 6 часот наутро, до средата до 6 часот наутро било спречено илегално преминување на 2,791 мигранти и биле уапсени околу 40 лица од кои во најголем дел биле од Иран и Пакистан, земји во кои моментално нема војна.