Во најинтерсениот натпревар од минатата ноќ, тимот на Бруклин Нетс успеа да му нанесе еден од ретките порази на Бостон Селтикс, на нивни терен. Во исклучително неизвесен меч, по дополнителните 5 минути, “мрежичките” извојуваа важна победа во борбата за пласман во плејофот.

Прва виолина на тимот од Њу Јорк беше младиот бек-шутер Керис Леверт. 25 годишниот поентер буквално ги растури “келтите” во последната четвртина и продолжението. Во тој период од 14 минути кој ги помина во игра, “малиот Кевин Дурент” (како што многумина го нарекуваат) постигна неверојатни 37 поени, а целокупниот тим на Бостон 34. На крајот од мечот зад неговото име останаа запишани 51 поен со одличен процент на шут од игра – 65%.
“Кеј” ја игра најзрелата сезона во својата кратка 4 годишна кариера. Лани како и оваа година сеуште се мачи со повредите, но тоа не го задржува со напорна работа и посветеност да има рапиден напредок во играта, посебно во нападот. Од офанзивен аспект, Леверт е еден од најчистите поентери во источната конференција. Интересно што публиката во Бостон, во текот на целиот меч скандираше “Каде е Кајри?” алудирајќи на својот поранешен играч Кајри Ирвин кој сезонава (од најразлични причини) го пропушти најголемиот дел од првенството и нема да игра до крајот на сезоната. Бруклин со третата победа по ред стигна до 6-тото место на Истокот. Којзнае? Можеби навистина Кајри и не е толку потребен?
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











