Топ 5 акции со најголем раст на вредноста во месец март на Македонска берза

61

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец март 2021 година.

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2021 година вкупниот промет изнесувал 757.514.703 денари што претставува намалување за 45,52 отсто во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 424.295.968 денари и е намалено во однос на февруари 2021 за 57,76 отсто кога изнесувало 1.004.456.344 денари.

Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Интерпромет АД Тетово. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец март изнесувала 4.500,00 денари, додека во февруари просечната цена изнесувала 1.500,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за огромни 200,00%.

На второто место се најдоа акциите на Скопски Пазар АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 26,60 проценти односно достигнаа просечна цена од 6.330,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде Фустеларко Борец Битола, чиишто акции ја зголемија вредноста за 25,00 проценти односно достигнаа просечна цена од 1.500,00 денари.

Пораст забележаа и акциите на Лотарија на Македонија Скопје и Либерти АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 25,00 проценти односно 13,64%, соодветно.