Со помош на исцрпна исхрана славниот глумец се здебелил за улога во филм: “Не беше забавно”

913

Познатиот холивудски глумец, Марк Волберг неодамна гостуваше во емисијата “The Tonight Show” кај Џими Фелон и во таа прилика открил како изгледал процесот на дебелеење за улога, опишувајќи го целото искуство како “многу тешка задача”.

Овој 50 годишен глумец морал да ја зголеми својата тежина поради улога во филмот “Father Stu” при што морал да внесува 11.000 калории.

“Првата седмица консумирав околу 7.000 калории дневно, а втората околу 11.000 калории. Не беше забавно. Тоа е многу тешка задача. Губењето килограми е поразлично, го намалувате внесувањето на храна и редовно вежбате. Но, ова…дури и кога сте заситени мора да продолжите со јадење. На пример, јадев на секои три часа за да можам да се здебелам”, рекол глумецот.

 

Тој додаде дека за повозрасните луѓе многу е потешко да се здебелат или ослабат, поради тоа што метаболизмот е главната препрека.

“Снимањето на овој филм го чекав шест години. Добивме само 30 дена за да го снимаме, морав да се потрудам да биде сѐ според планот”.

Личниот кувар на глумецот на почетокот на јули откри како изгледаат неговите оброци.

“Рано наутро, околу 4-5 часот јаде четири јајца пред доручек. Потоа, тренира еден час, па повторно јаде 8 јајца, шест парчиња сланина, ориз, две лажици маслиново масло и протеински шејк. Потоа, три часа подоцна јаде телешко месо и ориз. После тоа, пржено пилешко месо и ориз. Свински котлети, лосос и уште орис. Крајот на денот го завршува со риба, морски плодови и зеленчук”.