Директор на болница во Тунис се расплака кога дозна дека нема доволно залиха на кислород

178

Потресната снимка доаѓа од Тунис, арапската земја која буквално се гуши од корона. Имено, директорот на локалната болница во Матеур се расплакал кога дознал дека нема да добие доволно залиха на медицински кислород за своите пациенти.

Тунис, каде бројката на заразени ги собори сите рекорди се соочува со општ недостатокот на кислород, а домашното производство не е во можност да одговори на значително зголемената побарувачка.

Во многу болници резервите се намалени и се при крај за неколку часа што значи тоа е сигурна смрт за многу пациенти кои се борат со пневмонија предизвикана од коронавирусот.

Тунис се соочува со Индиското сценарио, кога стотина луѓе умреле поради недоволно кислород како последица од новиот бран на корона во таа земја.