Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја оцени како шокантна изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на „бугарскиот фашистички окупатор“ од учебниците и спомениците.
Заев, рече Мицкоски, тоа нека им го каже на внуците, синовите и ќерките на луѓето кои своите животи ги загубија во Треблинка, уапсени и ставени во вагони од страна на бугарскиот фашистички окупатор.
-Ним нека им објасни кои се тие што соработувале, а кои се тие што не соработувале. Шокантно. Ние не сме Талибанци да бришеме историски факти и веднаш при промената на власта, ќе ги вратиме тие факти како што ги признава светската историја. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти и наместо да бараат да бришеме учебници, треба да дојдат и да му се извинат на овој народ, истакна Мицкоски пред состанокот со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















