Стартува новата сезона во Италијанското првенство.
Актуелниот шампион, Милан (денес во 18:30 часот) го пречекува Удинезе во првото коло од Сериа А. “Росонерите” денес ја започнуваат одбраната на “скудетото”, а еден од нивните најважни играчи имаше интересна изјава.
Откако во медиумите излезе информација дека Интер и Јувентус се во предност како фаворити за освојување на титулата, Сандро Тонали остро одговори на прогнозите.
“Прочитав дека Јуве и Интер биле подобри од нас. Лани го велеа истото па видоа кој беше број еден на крајот од сезоната. Не обрнуваме внимание што се прогнозира. Само можеме да покажеме дека прогнозите не биле точни. Го имаме најдобриот тренер во Италија и под негово водство ќе го повториме ланскиот успех.”
Плејмејкерот на “црвено-црните” се осврна и на се почестите шпекулации дека во брзо време може да го напушти Милано. По освојувањето на првенството, Тонали го истетовира 19-от тимски трофеј на своето тело.
“За мене постои само еден тим. Пресреќен сум во Милано. Едвај чекам да истрчам на “Сан Сиро” и со гордост да ја покажам новата тетоважа на нашите навивачи” – заврши Италијанскиот репрезентативец.
Димитар Младеновски