По 11 години, повторно ќе има англиско финале во Лигата на шампионите. Во 2008 година во Москва играа Манчестер Јунајтед и Челси, годинава во Мадрид ќе се сретнат Ливерпул и Тотенхем.
Кој можеше да претпостави ваков епилог по водството на Ајакс од 2-0 по првото полувреме од реваншот во Амстердам со головите на Де Лихт и Зијеч… Апсолутен херој на Тотенхем е Лукас Моура кој одигра второ полувреме за паметење, најдобро во кариерата, постигна три гола и му донесе на неговиот тим победа од 3-2.
Тотенхем ќе игра во финале од Лигата на шампионите првпат во својата историја и ќе се бори за четвртиот европски трофеј во своето постоење по пехарите во КПК (1963 година) и Купот на УЕФА (1972 и 1984 година).





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















