Жозе Де Толедо е се поблиску до европскиот шампион! Според информациите, Бразилецот ги договорил личните услови со тимот од Скопје, па сега останува Вардар да најде заеднички јазик со Висла Плоцк (сегашниот тим) на Де Толедо за кој се верува дека е многу блиску.
Де Толедо во Скопје пристигнува како огромно засилување на десната бековска позиција и поддршка за Кристопанс, но и засилување за дефанзивата на европскиот шампион по заминувањето на Мораес. Бразилецот дека е на само еден чекор до Вардар потврдуваат и полските медиуми, кои веќе ја најдоа замената за овој играч на десната бековска позиција.
Жозе Де Толедо изминатава сезона во Лигата на шампионите застана на 41 погодок. Веќе четири сезони ги брани боите на Висла, а има настапувано и за шпански Грањолерс.
За Де Толедо „Јане Сандански” не е непознат терен. Два натпревари играл против Вардар во главниот град и добро ја познава скопската публика.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















