Сериозен инцидент во Мадрид (ВИДЕО)

743

Партизан е на чекор до “фајнл-форот”.

Избраниците на Жељко Обрадович одиграа маестрално и извојуваа убедлива победа поведувајќи со 2:0 во меѓусебната серија. Крајниот епилог, за жал остана во втор план поради огромниот инцидент кој се случи на нешто повеќе од минута до крајот.

При водство на “црно-белите” од 95:80 никој не ни помислуваше дека ќе настане инцидент од невиден размер. По намерниот прекршок од страна на Серхио Љуљ над Кевин Пунтер дојде до општ хаос во кој најдебелиот крај го извлече Данте Егзум кој беше соборен од Грејсон Јабуселе. За австралискиот репрезентативец, најверојатно сезоната е завршена поради повреда на тетивата. Следуваат сериозни суспензии и парични канзи.

Натпреварот број три се игра во Вторник, во Белград каде “кралскиот клуб” го чека пеколен пречек.

Димитар Младеновски