Познати двојките за завршницата на ЛШ

74

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите беше извлечена денес во Нион.

Натпреварите од оваа фаза, вклучувајќи го и финалето, ќе се играат во Португалија без публика. Се оформија две половини до финалето – едната со гиганти и другата со навидум полесни ривали.

Ждрепката за четвртфиналето го собра парот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити со оној од Лион и Јувентус.

Другото четвртфинале што привлекува внимание е помеѓу парот Наполи / Барселона и Челси / Баерн. Интересно е што победниците од овие две четвртфиналиња ќе се сретнат во полуфинален натпревар.

Во другите две четвртфиналиња ривалите се целосно јасни: РБ (Лајпциг) против Атлетико Мадрид и Аталанта против Пари Сен Жермен. Победниците од овие дуели ќе се сретнат во полуфиналето.

Ова значи дека еден од Лајпциг, Атлетико, Аталанта и ПСЖ ќе игра во финалето во спор за трофејот.

Парови за четвртфиналето:
Реал Мадрид / Манчестер Сити – Лион / Јувентус
РБ (Лајпциг) – Атлетико Мадрид
Наполи / Барселона – Челзи / Баерн
Аталанта – ПСЖ

Парови за полуфиналето:

Победник четвртфинале 1 – Победник четвртфинале 3
Победник на четвртфинале 2 – Победник на четвртфинале 4

Финале:
Победник полуфинале 2 – Победник полуфинале 1

Клучни датуми:
1/8-финале, реванш: 7-8 август
1/4-финале – 12-15 август
1/2-финале – 18-19 август
Финале – 23 август