14-годишник е приведен и осомничен за убиство на 49-годишен македонски државјанин во туристичкото место Сончев Брег, соопшти полицијата во Бургас.
Телото на починатиот е пронајдено вчера во шумската површина до ресторан во туристичкото место. Утврдено е дека македонскиот државјанин на 24. јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево, односно од Македонија излегол од Деве Баир.
Полицијата во истрагата наведе дека 14-годишното момче е од Несебар.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















