Преживеав благодарение на Господ, ова е чудо: Патник објави видео од моментот кога авионот се сруши во Мексико

1313

Патнички авион со 97 патници и четворица членови на екипажот е сруши на летот од мексиканскиот град Дурангo кон престолнината Мексико Сити.

елевизијата “NBC” ја објави видео снимката на патникот Рамин Парса кој што со својот мобилен телефон го снимил моментот од падот на авионот.

„Преживеав благодарение на Господ. Чудо Божјо е тоа што ние сме живи“, напиша Парса на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Да потсетиме, до падот на авионот дошло само пет минути после полетувањето, а мексиканските власти засега не знаат кои се причините за падот. Од тоа што може да се забележи на видеото е тоа дека авионот полетува во услови на силен дожд.