Елена Ристеска го освои Чикаго – Еве што се маскираше за „Ноќта на вештерките“ (ФОТО)

976

Поп-ѕвездата Елена Ристеска ужива во уште еден одмор во Америка. Откако на крајот на летото ги посети Њујорк и Мајами, пејачката во моментов е во Чикаго, каде што ќе одмара и ги договара следните настапи.

Бидејќи вчера таму се прославуваше „Ноќта на вештерките“, Елена во придружба на двајца маскирани машки, излезе на американските улици на забава. Таа избра едноставен црн стајлинг и маска, а фотографијата ја постираше на својот профил на Инстаграм.

Елена на својот инстаграм профил објави фотографија од највисоката кула во Чикаго, Willis Tower која има 108 ката, позирајќи на нејзиниот врв.

Елена, пред да замине во САД, ја промовираше новата песна и спот „Снаге за крај“ на српски јазик, која за неа ја напиша црногорскиот пејач и автор Сергеј Четковиќ.