Македонски државјанин, заедно со уште двајца странци, бил киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул.
Според информациите на агенцијата Ројтерс, македонскиот државјанин заедно со двајцата странци работеле за втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот „Содексо“.
„Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела”, изјави портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станекаи, а изјавата ја пренесува Ројтерс.
Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и сега бараат потврда од фирмата за која работеле




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































