Потресни сцени во Бразил: Тифози му соблекоа дрес на детенце и го расплакаа (ВИДЕО)

789

Фудбалот понекогаш е повеќе од спорт, посебно на трибините, каде тифозите на клубовите имаат меѓусебни пресметки и си одземаат „реквизити“. Така беше и на дуелот меѓу Интернасионал и Гремио, но во фокусот на вниманието беше детенце.

Потресни сцени беа забележани во Јужна Америка, откако тифозите на домаќинот забележаа дека на нивната трибина има детенце во дрес на Гремио. Главните навивачи отидоа до детенцето кое беше со неговите родители, па го соблекоа.

Малото детенце плачеше без престан, заедно со мајката се обидоа да ги убедат ривалите да не му го земаат дресот, но залудно.