Херојот на неделата е судијата кој го спаси борецот Нејмар (Видео)

282

Нејмар, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, секогаш е во центарот на вниманието, но овојпат еден друг Нејмар, кој доаѓа од Тајланд и е маи-таи борец, беше во фокусот. Борецот Нејмар Паеминбуре беше во рингот и доби нокаут поради кој ја загуби борбата.

Притивникот на Нејмар, Соа Соваратана немаше милост и со два удари со лакт го нокаутираше Нејмар. Додека „успиениот“ борец паѓаше, судијата Ситичаи Иниеад имаше интересна реакција. Тој веднаш се обиде да му помогне на нокаутираниот боксер и успеа да го фати за врат и со тоа да му го ублажи падот на земја.

Потегот на судијата според многумина е херојски затоа што често се случува борците кои се во нокаут, додека паѓаат, опасно да се повредат.