Се слуша разговор со Јавен Обвинител – КОД на Лупевска ја открива содржината на снимките

577

Извори од СЈО за КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.

Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева . Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Русковска.

КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?

Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.

КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?

Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.

КОД: Пуштен на интерфон?

Рускоска: Да.

Снимките кои сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите а кога на интерфон биола вклучувана и Јанева лично тоа исто така било региструрано.