„Ми подметнаа вијагра, бев најбрз на тренингот“

109

Поранешниот англиски фудбалер Карлотн Кол се присетил на интересен момент кој се случил на еден тренинг на националниот тим, во периодот кога селектор бил Фабио Капело.

Поранешниот играч на Челси и Вест Хем доживеал непријатност, а главен виновник бил Џермејн Дефо.

„Наместо витамин ми подметна вијагра. Вистина е. Можете да замислите колку бев брз на тој тренинг. Трчав на три нозе“, рекол Кол.

„Мислеше дека тоа се витамини и дека тоа е добро за неговото тело. Кога му кажавме дека зеде вијагра…непроценливо беше да се види изразот на неговото лице. Само му кажав дека ќе мора да издржи во наредните неколку часа“, рекол виновникот Дефо.

Карлтон Кол кариерата ја заврши во 2017 година во Индонезија.