Погба пред нов кам-бек во стара средина

559

Пол Погба го напушта “Олд Трафорд”.

Францускиот интернационалец нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и на крајот од сезонава ќе стане слободен играч. 29 годишниот Погба пред некое време изјави дека едвај чека на нови предизвици. Со тоа и званично го потврди своето заминување од таборот на “црвените ѓаволи”. Фудбалерот од средниот ред беше поврзуван со многу тимови, меѓу кој Манчестер Сити и Парис Сент Жермен. Сега дојде и до конкретна понуда која може да биде и финална дестинација за французинот.

Според “Скај Спортс”, Јувентус е сериозно заинтересиран да го врати Погба во своите редови (каде настапуваше од 2012 до 2016 година). Неговиот агент веќе планира средба со челниците во Торино каде би се договориле деталите. Доколку преговорите поминат во најдобар ред за очекување е враќање на неговиот клиент во Сериа А.

Погба се врати во Манчестер Јунајтед во Август 2016 година кога потпиша нов пет годишен договор вреден вртоглави 110 милиони евра. Во тоа време тоа претставуваше рекорд во Премиер лигата.

Димитар Младеновски