Минхен спрема сериозен контра удар кон Барселона

370

По информациите дека Роберт Левандовски од Бајерн Минхен ќе премине во Барселона, германскиот гигант веднаш е подготвен на адекватен одговор.

Осман Дембеле би можел да премине од каталонскиот клуб на “Алианц арена” што на некој начин би било враќање на “ударот” од страна на управата од Минхен. Челниците на Баерн се гневни на Барселона бидејќи експресно ги договорила условите со агентот на Левандовски. Пољакот веќе ги извести надлежните дека си заминува од Минхен по што се очекува “баварците” да инкасираат оштета во вредност од околу 40 милиони евра.

Дембеле би можел да пристигне веќе наредниот месец. По одличната сезона, 24 годишниот напаѓач бара договор вреден вртоглави 18 милиони евра. За очекување е да добие значително пониска понуда па останува да видиме што ќе се случи набрзо? Шпанските медиуми известуваат дека неговиот договор би го засилиле со огромни бонуси што би го увериле французинот во финансиската сигурност и нивната сериозност.

Димитар Младеновски