Премиерот Зоран Заев по попладневната сесија на лидерската средба изјави дека не е постигнат договор за референдумот за името со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој, меѓудругото, рече дека ДИК сепак ќе има и дека референдумот ќе биде спроведен.
-И покрај тоа што попладнево не беше постигнат договор за референдумот останува договореното од претпладневниот дел на разговорите: за законот за финансирање на политички партии, за техничка влада според Пржински концепт и за ДИК,рече Заев.
По прекинот на лидерската средба премиерот кажа и дека Мицкоски не сакал да ги повика гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдум по сопствено убедување и дека лидерот на опозицијата исто така не успеал да го препознае моментот и, како што рече, лаже дека сака Македонија да стане членка во ЕУ и НАТО.
Претходно лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека лидерите не успеале дa се договорат околу референдумското прашање.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















