Виртус Болоња прави сериозно силен тим

622

По освојувањето на Еврокупот, тимот на Виртус Болоња обезбеди место во Евролигата за следната сезона по 14 годишна пауза.

Италијанскиот гигант за следното првенство ќе има значително поголем буџет кој според медиумите ќе надмине 25 милиони евра. За очекување е ангажман на неколку врвни кошаркари а веќе почна да се наведуваат и имињата кој би се нашле во црно-белиот дрес во следната натпреварувачка сезона.

Според “Кориере дело спорт”, српскиот центар Никола Милутинов како и американскиот крилен центар Џордан Мики се главни конкуренти за ангажман од страна на управата во Болоња. Двајцата високи играчи во моментов настапуваат во Русија. Милутинов годинава ги брани боите на ЦСКА Москва а Мики е главен во рекетот на Зенит од Сант Петерзбург.

Како можни засилувања се споменуваат и чешкиот репрезентативец Јан Весели (кој веќе 8 години настапува за Фенербахче) како и најдобриот стрелец во NBA Gleague – Карсен Едвардс. На Весели договорот му завршува на крајот од тековното првенство а на Едвардс ќе се чека подолго, бидејќи е нејасно дали ќе добие шанса за игра следната сезона во Детроит Пистонс каде е под договор.

За очекување е продолжување на договорот со грузискиот крилен центар, Торнике Шенгелија како и со легендарниот шутер Марко Белинели. Едно е сигурно, тимот од Болоња ќе има сериозно засилен ростер кој ќе биде незгоден противник за секого во најсилната европска лига.

Димитар Младеновски