Белградската гордост совлада уште еден поранешен Европски шампион.
Кошаркарите на Партизан стигнаа до својата четврта Евролигашка победа. Во преполната “Штарк арена”, црно-белите го совладаа Макаби Тел Авив со 96:88 во осмото коло и стигнаа до 50% биланс. Поразот на гостите од Израел, ги доведе до идентични 4-4.
Ова беше прв натпревар помеѓу двата поранешни Европски шампиони по 2014-та година. Првото полувреме помина со предност на гостите кој го диктираа темпото. Одличниот шут за три поени (од над 60%) ги загрижи домашните навивачи. На почетокот од второто полувреме, повратникот во тимот, Ален Смаилагич постигна девет поени по ред и го започна “кам-бекот” на домаќините. Нивото на интензитет значително се подигна, а соиграчите Данте Егзум, Зек Лидеј и Матијас Лесорт ги воодушевија присутните.
Австралискиот интернационалец, Данте Егзум и Америчкото крило Зек Лидеј беа први стрелци во тимот со по 21 постигнат поен, а одлична игра пружија Матијас Лесорт со 16 и Кевин Пантер со 13 поени. Избраниците на легендарниот Жељко Обрадович уште еднаш докажаа дека се вистинска гордост на нашиот северен сосед.
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











