Дибала се сели во Милано

736

Откако се реши да не го продолжи договорот со Јувентус, Паоло Дибала има нов клуб.

По седум години поминати во клубот од Торино, аргентинскиот репрезентативец се сели во милански Интер. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Дибала ќе потпише четири годишен договор при што би заработувал 6 милиони евра годишно.

Во 293 меча за Јувентус, 28-годишниот напаѓач постигна 115 голови а подели 48 асистенции.

Димитар Младеновски