Македонскиот репрезентативец се враќа во Турција.
Кристијан Николов официјално е претставен како нов играч на повратникот во туркото елитно натпреварување, екипата на Коњаспор. Нашиот бек потпиша едногодишен договор. Во досегашната кариера има настапувано во Галатасарај, Јешил Герисун, Трабзон, Белдије и Петкимспор. Интересно е што следното првенство ќе настапува како домашен играч бидејќи покрај македонското, поседува и турско државјанство.
Последните три сезони сезони, Николов ги мина во редовите на МЗТ Скопје Аеродром.
Димитар Младеновски