Нетанјаху земал топка, па им пратил бизарна порака на Иранците: Го срушивте Роналдо, сега можете и владата

888

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху снимил видео во кое држи фудбалска топка и ги повикува Иранците на рушење на владата.

Нема ништо потешко од тоа да се сопре Кристијано Роналдо на фудбалскиот терен, а бидејќи во тоа успеа иранскиот тим, тогаш, Иранците можат да ја урнат и владата, смета Нетанјаху.

“Му порачувам на иранскиот народ: Покажавте храброст на теренот и денес ја покажавте истата храброст на улиците на Иран”, рекол Нетанјаху во видеото со наслов: “Можете ли да го спречите Роналдо да даде гол?”.

“Иран има многу проблеми, загадување на воздухот, недостиг на вода, милијарди потрошени за тероризам”, додал тој.

“Можете ли да замислите што би се случило ако иранската влада, наместо да ги фрла вашите пари на Сирија, Јемен, и непотребни војни на Блискиот исток, да почне да вложува во проблемите во Иран”, рекол израелскиот премиер.