Освежителен колач за целото семејство.
Потребни состојки:
- 120 г путер
- 210 г шеќер
- 4 јајца
- 1 портокал(сок)
- 125 мл млеко
- 180 г брашно
- Половина кесичка прашок за печиво
- 100 г ореви
- За глазура
- 120 г шеќер
- 1 портокал(сок)
Начин на подготовка:
Смелете ги оревите, а потоа изматете ги во цврст снег од белки и додајте малку сол. Исцедете го сокот од портокал во посебен сад. Изматете го со миксер омекнатиот путер со шеќер, па додавајте една по една жолчка.
Додајте го во смесата исцедениот сок од портокал и млеко и промешајте. Додадете го брашното со прашок за печиво во изматената смеса, оревите и снегот од белки, мешајте рачно додека да се соединат состојките.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го калапот со путер, сипете ја смесата и печете околу 25 минути. Додека колачот се пече исцедете сок од уште еден портокал и додајте шеќер, па измешајте. Додека е топол колачот прелијте го со глазура и оставете го уште 10 минути во рерна додека да го впие сокот и површината да остане со глазура. Исечете го откако ќе се излади.
изворL Кајгана





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











