Целиот свој живот го проучувал човечкиот мозок и открил дека само 4 работи ви се потребни за среќа

210

Интернетот е преплавен со совети како да почувствувате вистинска среќа. Најголемиот дел од овие препораки доаѓаат од луѓе кои се некомпетентни да зборуваат на оваа тема.

Сепак, кога еден невробиолог кој непрестајно ја проучувал сивата маса во нашата глава вели дека потребни ви се само 4 едноставни работи за среќа, станува збор за едно веродостојно мислење и истражување.

Американскиот невробиолог Д-р Алекс Корб вели дека за вистинска среќа за неопходни само 4 работи:

Позитивен став и размислување

Доколку чувствувате како духот полека ви се крши, седнете и запрашајте се – Зошто сум благодарен во овој живот? Откако ќе ги наброите работите за кои чувствувате благодарност, доктор Корб тврди дека овој момент делува терапевтски, односно има биолошки ефект врз нашиот мозок.

Една од главните одлики на благодарноста е зголемување на нивото на серотонин или хормонот на среќата.

Кога размислувате за кои работи сте му благодарни на животот, се сосредоточувате на она позитивно размислување кое навистина прави разлика, бидејќи мозокот ќе ви биде преплавен со производство на серотонин = среќа и задоволство.

Отворено зборувате за своите негативни чувства

Се чувствувате лошо? Обидете се да ја дефинирате својата состојба. Што точно чувствувате? Тага, грижа, незадоволство, фрустрација? Самото препознавање на состојбата е доволно за почеток да се чувствувате малку подобро.

Сметате дека ова е смешно и бесмислено? Вашиот мозок мисли поинаку.

Амигдалата во мозокот реагира на емоциите со кои се борите. Но, кога ги именувате тие емоции и зборувате за нив, се активира

вентролатералниот префронтален кортекс на мозокот, додека активноста на амигдалата опаѓа. Со други зборови, именувањето и дефинирањето на негативните емоции го намалува нивното влијание врз човекот.

Донесувате одлуки

Дали некогаш сте донеле некоја одлука и веднаш потоа сте почувствувале огромно олеснување? Тоа не е случајно.

Невробиологијата покажува дека донесувањето одлуки ја намалува загриженоста и вознемиреноста, а помага и во решавањето на проблемите. Во текот на носењето на одлуката си поставуваме цели. Ова е процес што влијае позитивно на префронталниот кортекс и ги намалува тагата и непријатноста.

Покрај тоа, донесувањето на одлуки помага во намалување на активноста на стриатумот (базните ганглии), што обично нè води до негативни импулси и дејствија.

Конечно, донесувањето на одлуки ја менува нашата перцепција за светот, што ни помага да најдеме решение за проблемот и да го смириме лимбичкиот систем.

Им се доближувате на луѓето

Социјалното отфрлање го вклучува предниот кортекс и централниот дел на мозокот – исто како и физичката болка. Со други зборови, односот со другите луѓе е многу важен за мозокот.

Доколку одбивате да се дружите и социјализирате, освен ментална, на телото му предизвикувате и буквална физичка болка.

Дали навистина сакате да бидете среќни? Физички приближете се поблиску до луѓето. Се разбира, ова се подразбира за најблиските луѓе на кои им верувате.

Споделувајте прегратки и бакнежи секогаш кога имате можност за тоа.

Вистинската среќа ви е на дофат…

loading...