„Патот напред е јасен. Тоj води кон вашето членство во Европската унија“. Вака Могерини и Хан ја почнуваат заедничката колумна објавена вчера на страницата на Европската унија посветена на Македонија и одлуките на Советот на ЕУ кои се однесуваат на нашето зачленување.
Во заедничката изјава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и еврокомесарот за проширување нагласуваат дека за да се оставри ваквата цел потребно е сите политички сили ја делат одговорноста за реформите во владеењето на правото, безбедносните служби, јавната администрација и функционалната пазарна економија.
Могерини и Хан уште еднаш го нагласуваат значењето на договорот меѓу Скопје и Атина за името, велејќи дека спогодбата ги направила горди Европејците и оти тоа е стратешки договор за двете земји и за цела Европа.
– Двајцата бевме присутни на церемонијата на потпишување на Преспанското Езеро. Она што го видовме, дополнително ја зајакна нашата верба во континент обединет и во мир, со европската перспектива за Западен Балкан како двигател на стабилноста на регионот, наведуваат тие.
Европските дипломати истакнуваат дека изминатава недела членките на ЕУ го потврдиле тоа достигнување и поставиле јасен пат кон отворањето на пристапни преговори во јуни 2019 година.
–Во моментот кога официјално ќе се отворат преговорите, вие веќе ќе бидете на брз колосек… Сега е до вас да одите напред на овој пат кон иднината на заеднички просперитет и безбедност. Тоа е слободна и суверена одлука на вашиот народ – на никој друг.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












