Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан, изразил надеж дека во лечењето на COVID-19 наскоро ќе може да се користат лекови со целно дејство, бидејќи, како што е уверен, на пазарот пред вакцината ќе се појави лекот.
“Постојат први показатели дека одредени лекови, изгледа помагаат”, рекол Шпан за Bild и додал дека мора што побрзо да се направат истражувања.
Меѓутоа, укажал дека мора да се води сметка, бидејќи пациентите мора да бидат заштитени, со оглед на тоа дека секој лек има и нус појави.
Шпан истакнал дека во Германија веќе постојат низа истражувања, па така и за “стариот” лек против маларија “Ресохин” на фармацевтскиот концерт “Bayer”.
“Развојот на вакцината е поголем предизвик. Лекот против маларија го знаеме веќе со години и децении. Тука го знаеме и делувањето и нус појавите”, рекол Шпан, додавајќи дека тоа сега мора да биде анализирано и за лечење на коронавирусот.
Кога станува збор за производството на вакцината, се работи за повеќе месеци, а на само неколку.
“Би бил најсреќен министер за здравство во светот ако во три до шест месеци имаме вакцина. Но, јас сум реалист и доволно ме советуваа експертите за да знам дека тоа може да трае и 12 месеци. Поради тоа во политиката не смееме да будиме лажна надеж”, нагласил Шпан.
“Bayer” соопштил дека во Европа треба да се создадат можности за производство на “хлорокин”, кој може да биде важен во борбата против коронавирусот.