NBA-Тејтум донесе мајсторка за “селтикс” (ВИДЕО)

79

Бостон Селтикс успеа да се избори за решавачки седми меч против актуелниот шампион.

Рано сабајлево “селтикси” успеаа да извојуваат голем победа на гости од 108:95. Балансираниот напад и силната одбрана повторно беше на дело па тимот од Масачусец ќе има шанса на свој паркет да ја решава судбината околу евентуалниот пласман во конференциското финале.

Џејсон Тејтум одигра фантастичен меч постигнувајќи 46 поени а Џејлен Браун и Маркус Смарт постигна по 22 и 21 поен. Јанис Антетокумпо имаше монструозен дабл-дабл од 44 поени и 20 скокови кој не беше доволен за завршување на “полуфиналната задача”.

Клучниот седми натпревар се игра во Недела со почеток од 21:30.

 NBA FAN

Димитар Младеновски